Општо

Барање за понуда

Кажете ни накратко со што се занимавате и кој стандард ве интересира — подготвуваме бесплатна оквирна понуда прилагодена на вашата организација, обично во рок од 24 часа.

Краток прашалник за понуда

Трае помалку од две минути. Колку се попрецизни одговорите, толку е поточна понудата уште од првиот обид.

✓ Ви благодариме! Вашето барање е испратено — ќе подготвиме понуда и ќе ви се јавиме во најкус можен рок.

Стандард(и) или услуга што ве интересира *
Изберете барем една ставка или означете „Не сум сигурен/на“.
0задоволни клиенти
0моментално активни проекти
0консултанти во мрежата

Зошто нема фиксна цена

Дејност и големина

Производен погон со 80 вработени и микросервис од три лица имаат потполно различен обем на работа, дури и за ист стандард.

Постојна состојба на системот

Ако веќе имате дел од процедурите или друг стандард, имплементацијата е побрза и поевтина — градиме врз она што постои.

Број на стандарди

Комбинираната имплементација на повеќе стандарди одеднаш (интегриран систем) обично излегува поевтино по стандард отколку поединечно.

Рок и динамика

Стандардно темпо или забрзана подготовка поради рок за тендер — динамиката влијае на распоредот, а со тоа и на понудата.

Затоа секоја понуда ја изготвуваме поединечно, по кратка бесплатна консултација — без изненадувања во конечната цена.

Чести прашања за понудата

Дали понудата е обврзувачка или бесплатна?

Потполно е бесплатна и ништо не ве обврзува. Врз основа на вашите одговори подготвуваме оквирна процена на обемот на работата и на цената — конечната понуда следи дури по краток разговор за вашата дејност.

Колку брзо добивам одговор на барањето?

Во најголем број случаи во рок од 24 часа, во работни денови. За итни барања Јавете ни се.

Зошто на сајтот нема фиксен ценовник?

Цената на имплементацијата зависи од дејноста, големината на организацијата, бројот на вработени, избраниот стандард и постојната состојба на системот — две компании со ист стандард може да имаат многу различен обем на работа. Затоа секоја понуда ја изготвуваме посебно, по кратка бесплатна консултација.